Поплавите во БиХ ги разместија мините и експлозивните средства низ целата земја

Околу 140 мини, 1.700 екплозивни средства и 40 илјади паричиња муниција се пронајдени по катастрофалните поплави, што ја погодија Босна и Херцеговина во мај минатата година, пишува весникот „Независне новине“.

Податоците на Центарот за отстранување на мините во БиХ покажуваат дека, водата преместила непознат број експлозивни средства во 33 населни места на територија од 106 метри квадратни.

Водената стихија носела цели мински полиња и експертите стравуваат дека мините се разнесени покрај бреговите на реките, на земјоделски површини и во речните корита.

Во Сараево вчера се одржа семинар, на кој беа претставени резултатите од откривањето на минските полиња и местата, за кои постои сомнеж дека има мини и кои беа погодени од поплавите и лизгањето на земјиштето. 

Снимките направени од воздух ќе помогнат да се одреди каде и колку мински полиња се преместени. 

Поради новите врнежи во БиХ, се очекува активирање на свлечишта, кои се појавија по минатогодишните поплави во мај, како и појава на нови во целата земја.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега