Ципрас: Единствен кој ќе банкротира е Самарас

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас ги повика гласачите да и дадат на неговата партија јасна и моќна поддршка за да ја спроведе својата програма и да ја направи земјата посилна во преговорите со кредиторите, јави дописникот на МИА од Атина.

- Без јасна и моќна поддршка за Сириза, силите на меморандумот, без разлика дали се стари или нови, ќе се обидат да не фатат во стапица, да не остават без парламентарно мнозинство, заложници на поддршката за нив, за да можат да ја фалсификуваат нашата програма, рече Ципрас.

Тој истакна дека Сириза е блиску до добивање доволно мнозинство за да формира влада и го нападна премиерот и лидер на партијата Нова демократија, Андонис Самарас, дека повторно воведува „нетолеранција типична за грчката граѓанска војна, која му се гади на секој умерен и демократски граѓанин“.

- Сигурна прогноза за она што ќе се случи од февруари, е дека во Нова демократија ќе бараат нов лидер , затоа што единствениот кој ќе банкротира е Самарас и неговата екстремно десничарска група на пријатели кои владееја со нас сите овие години, рече Ципрас на митинг во Патра.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега