Презентација на детали од договорот со „Визер“

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе презентира детали од договорот со компанијата „Визер“ која воведува авионски линии кон шест нови европски дестинации.

Согласно договорот потпишан пред една недела, „Визер“ од јуни годинава ќе почне со директни летови за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрихсхафенпет од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, два пати неделно. Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пак, ќе лета до Базел, исто така два пати неделно.

Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната компанија за финансиска поддршка на овие авионски линии, за периодот од 2015 до 2018 година. 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега