За Кемал Монтено нема место покрај легендите на Сараево

За жал, не постои можност и место во тој дел од гробиштата каде нешиот Кемо би бил до Пимпек и Кинџет - рекол оперскиот пеач Ивица Шариќ.

Веднаш по смртта на Кемал Монтено покрената е иницијатива легендарниот пејач да биде погребан на гробиштата “Боре“, до своите големи пријатели Даворин Поповиќ и кошаркарот Мирза Делибашиќ, но како сега стојат работите нема да биде возможно.

Иницијативата ја покренале Халил Бешлиќ и Ивица Шариќ, кој рече:

“Сега разговарав со “Покоп“, но за жал не постои можност и место во тој дел на гробиштата и нашиот Кемо да биде погребан до Пимпек и Кинџет. Им реков на луѓето од “Покоп“ дека ќе контактирам и со семејството и дека некој од нив ќе дојде да го види местото каде што треба да биде погребан. Сите би сакале Kемица да биде покрај Давор и Мирза, бидејќи беа големи пријатели и легенди на Сараево, кои го задолжија со своите дела.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега