Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот на ден 23.01.2015 (петок) без електрична енергија ќе останат:

од 08:30 – 10:30 часот  корисниците на дел од ул. Христо Татарчев (во околината на сервисот Мечкаров);

од 08.30 – 14.30 часот корисниците од ул. Христијан Тодоровски Карпош какои потрошувачите од улиците Цветан Димов, Љуба Ивановиќ, Груица Војвода, Никола Петров и 2-ра Македонска Бригада;

од 08.30 – 11.30 часот корисниците од улиците Казанџиска, Битпазарска, Макарија Фрчковски, Јорганџиска, Лазар Танев и Подграѓе, потоа дел од старата скопска чаршија и стоковната куќа Илинден;

од 09.00 – 15.00 часот дел од ул. 100 во Волково и

во време од 09.00 – 10.00 часот потрошувачите од с. Моране.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега