ВМРО-ДПМНЕ: Катните гаражи се потребни заради сообраќајниот метеж

 

Катните гаражи се објекти изградени со цел да се реши сообраќајниот метеж кој владее во градот и требало многу порано да се изградат како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

СДСМ, се нведува, се обидува да ги проблематизира катните гаражи, иако целокупната постапка за нивна изградба е водена законски, а за секоја катна гаража е одржана електорнска аукција.

-  Ова е навистина крајно манипулаторски начин за спинување на Шилегов и СДСМ од скандалите кои директно се врзуваат за нив. Петре Шилегов, наместо да се занимава со манипулации и фингирање скандали, нека се позанимава со вистинските скандали во кои тој е заглавен до гуша, вели ВМРО-ДПМНЕ и ги повтори прашањта за то дали неговата сопруга поседува или не имот од кој добива месечна закупнина од 700 евра, дали има договори за закупнина со 4-те фирми кои се кираџии во неговиот стан и дали ги пријавува сите извори на приходи или има уште приходи од сомнителни извори.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега