ВМРО-ДПМНЕ: Со семејни приходи од 33.000 денари, Шилегов купил луксузни часовници вредни 130.000 евра?!

 

Шилегов се уште молчи за неговите скандали, бидејќи само ако се погледне во неговиот анкетен лист веднаш се отвараат нови сомнежи за потекло неговиот имот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија:

Петре Шилегов очигледно решил да молчи за неговите скандали, го нема да даде одговори за закупнината од 700 евра за имот кои не постои, го нема да каже дали и колку закупнина добива од четирите фирми пријавени во неговиот стан, го нема да каже дали преку вакви сомнителни приходи го стекнал неговиот имот од околу 1 милион евра.

Јасно е дека Шилегов молчи бидејќи само ако се погледне во неговиот анкетен лист веднаш се отвараат нови сомнежи за потекло неговиот имот.

Еве на пример погледнете ја ставката накит и часовници кој ги пријавил господинот Шилегов. Тој во својот анкетен лист навел дека преку купо-продажен договор стекнал накит и луксузни часовници во вредност од замислете, од 8 милиони денари, односно 130 илјади евра!

Ако на тоа се придодаде дека до скоро тој и неговата сопруга пријавуваа плата од вкупно 33 илјади денари, се претпоставува кој човек со толкави примања во Македонија купил злато, накит и часовници во вредност  од 130 илјади евра.

Од каде ви се овие пари господине Шилегов кога сте пријавувале минимални приходи? Дали фирмите кираџии Ви плаќаат со часовници, обетки, синџирчиња, прстени или пак имате пари кои Ви се стекнати на чуден начин и не сте ги пријавиле до сега?

Петре Шилегов наместо да се крие зад измислени скандали за други, лицемерие и душегрижништво за средната класа, нека одговори кој просечен човек дома има злато, накит и часовници колку една златара.

Ако молчи господинот Шилегов мисли дека скандалите за него ќе престанат? Се лаже.

Ние и понатаму ќе излегуваме со скандали и сомнежи за неговиот имот и приходи.

Господине Шилегов разоткриени сте во целост.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега