Шешељ најави бурна пролет во Србија

Радикалите на пролет ќе почнат со протести против актуелната власт, најави синоќа во Чачак лидерот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ.

- Чекаме пролет, се да раззелени и почнуваме со митинзи. Оваа власт нема да издржи уште долго бидејќи пука по сите шавови, па очекуваме избори до крајот на годинава, истакна Шешељ.

Тој нагласи дека почнало обновување и консолидирање на редовите во партијата по неговото враќање од Хаг.

- На Вучиќ и Николиќ им истече рокот на употреба, што се гледа и од изјавите на западните дипломати и пишувањето на странските медиуми. Трпат притисоци во врска со заокружувањето на независноста на Косово, а кога ќе заврши тоа ќе бидат пуштени низ вода, оцени лидерот на српските радикали.

Тој се осврна и на можната соработка со други патриотски партии, додавајќи дека СРС е отворена за постизборна коалиција со сите оние кои се против членство на Србија во ЕУ.

- Иднината на Србија е во силните врски со Русија, формирање на единствен пазар, царинска унија и одбранбен систем со оваа земја, истакна Шешељ.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега