Заоралек: Колку што знам, Сириза сака да остане во еврозоната

 

Според чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек победата на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција, се очекуваше и не е изненадување, јави дописникот на МИА од Прага.

Во изјавата дадена веднаш по соопштувањето на резултатите, Заоралек изрази надеж дека по формирањето, новата Влада ќе биде подготвена да најде компромис со Европската унија.

- Вистина е, дека Сириза за време на кампањата изразуваше радикални ставови, со барање за простување на дел од долгот, изразувајќи загриженост за иднината политика на Грција, која, најверојатно, ја делат и дел од граѓаните. На друга страна, колку што јас знам, Сириза сака да остане во еврозоната и во Европската унија, рече Заоралек.

Тој додаде, дека ставовите на Сириза ја изразуваат разочараноста на значаен дел од грчкото население, но верува дека политиката на идната Влада, од една страна ќе овозможи надминување на чувствата на разочараност и безнадежност, а од друга страна, ќе бара и ќе најде компромис со Унијата.

- Спротивното би можело да предизвика уште поголема неизвесност и би било ризично за Грција, додаде шефот на чешката дипломатија.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега