Пад од 5,5 проценти на атинската берза по победата на Сириза

Водечкиот индекс на Атинската берза забележа пад од 5,5 отсто во денешното тргување, како последица на загриженоста на инвеститорите, еден ден откако радикалната левица СИРИЗА, која е против мерките за штедење, победи на предвремените парламентарни избори во Грција. 

Главиот индекс се намали за 793 индексни поени (5,5 отсто), десет минути по почетокот на денешното тргување, кое почна со намалување од 2,04 отсто.

СИРИЗА, предвоена од Алексис Ципрас, сака да стави крај на политиката на штедење во Грција и да договори со кредиторите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд отпишување на дел од грчкиот долг.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега