Кризата во БиХ се продлабочува поради бавното формирање на власта

 

Во БиХ повторно се успорува процесот за формирање на власта, а земјата не успева да постигне минимален консензус за својот европски пат, што може да доведе до влошување на и онака тешката економска и социјална ситуација, пишува весникот „Независне новине“.

Претседателството на БиХ се уште не успеало да усвои заедничка декларација за евроинтеграциите на земјата, со која начелно ќе се обврзе на економски и социјални реформи.

Согласно германско-британската иницијатива, усвоена од ЕУ, БиХ би можела да го активира Договорот за стабилизација и асоцијација и потоа да поднесе кредибилна кандидатура за членство на државата во ЕУ, потсетува весникот.

Според аналитичарите, БиХ не би смеела да ја одбие оваа иницијатива, бидејќи таа претставува последна сериозна понуда на Унијата кон БиХ.

Експертите сметаат дека постои опасност во БиХ да се повторат изминатите четири години застој на европскиот пат, но во тој случај би постоела и една значајна разлика, а тоа е дека оние кои се одговорни ќе бидат јасно посочени од страна на меѓународната заедница. 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега