Верушевски бришел порнографски видеа со деца: МВР влезе во трагот

750 илјади педофили во овој момент седат пред својот компјутер. Бараат видео снимки или фотографии од секс со деца или се обидуваат да намамат дете во својот дом.

Но наместо стотици илјади пресуди против нив, осудените се бројат на една рака.

Децата се немоќни да пријават а делата тешко се докажуваат. Затоа откривањето на секој кој поседувал или дистрибуирал видео во кое жртва на сексуален чин е дете мора строго да се казни.

Детската порнографија е бизнис тежок 3 милијарди евра. Секоја 5та фотографија со порнографска содржина е од дете

Статистиката покажува дека поседувањето детска порнографија е ризик фактор и за други сексуални деликти кон малолетници. Еден од тројца сторители сторил и друго дело од областа на сексуалните деликти.

Полициите во светот на најразлични начини се обидуваат да се справат со леснотијата на интернет трансферот на ваквите содржини но битката не е лесна.

Гугл блокираше 100.000 комбинации на зборови за да спречи пребарување на детска порнографија но и денес оние кои бараат успеваат да ги најдат каналите и да дојдат до вакви материјали.

Во Македонија, за производство, поседување и дистрибуција на детска порнографија лани немало ниту една пресуда. Се воделе само два случаи поднесени во 2012та. Едниот против норвешки државјанин на кој постапката му продолжила во Осло и еден за Макеоднец за кој сеуште нема правосилна одлука.

Псоледниот случај на екс директорот на ДБК Зоран Верушевски го враќа членот 193 а од Кривичниот законик во живот.

Казната која му се заканува според макеоднското казнено законодавство достигнува и до 8 години затвор.

Кај него според последните неофицијални информации е пронајдено и ново видео со експлицитен сексуален акт на дете со повозрасен маж. Видеото еднаш било бришено но вештачењето влегло во траг. Жртвите според сознанијата на истрагата не се од Макеоднија па за случајот ќе дознае и Интерпол.

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега