Паника во Куманово, луѓето бегаа на сите страни: Разлутен бик направи хаос на автобуска станица

Бик денеска напладне влетал на паркингот пред Автобуската станица во Куманово, пренесува Куманово Њус.

Животното, како што пишува локланиот сајт, дотрчало од улицата кај Градскиот парк и влегло на пероните, каде што се паркираат автобусите за меѓуградските и градски линии. Според очевидци, тогаш настанала вистинска драма кога животното се  исплашило од луѓето и почнало неконтролирано да трча и скока на сите страни. 

Испаничени патници и вработените бегале на сите страни за да се спасат од разулавеното говедо. Не  можеле да го скротат ни сопствениците, кои се плашеле дека ќе ги повреди, па побарале помош од ветеринарите. Драмата траела околу 15 минути, по што бикот си заминал од кај што и дошол, кон Градскиот парк. Во меѓувреме стигнала и полицијата, која ќе го испита случајот.

За еден месец ова е втор пат исплашени животни да напаѓаат луѓе, пред Нова година на бензинската пумпа Лукоил на автопатот Куманово- Скопје, бик направи хаос кога влезе во маркетот на пумпата. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 16:08
Фото: 
кумановоњуз

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега