Детали за Македонецот кој загина на боиштата во Сирија

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, како припадник на ИД. Станува збор за 25-годишниот Садик Џемаили од селото Здуње, Гостиварско.

Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, Џемаили последен пат ја минал границата на Македонија во септември лани, преку преминот Ќафасан, на македонско-албанската граница кај Струга, кога се верува дека заминал за да им се приклучи на припадниците на ИД. 

Гостиварцот Џемаили е четириесетиот Албанец од Македонија кој гине на боиштата во Сирија и Ирак.

На страната на ИД на тамошните боишта неофицијално се борат околу 600 граѓани на Албанија, Косово, Македонија и Србија. Половина од нив се од Косово, од каде има и најмногу загинати, над дваесет. Идентичен број на загинати има од Албанија и Македонија, по четириесет. Од јужниот дел на Србија досега потврдена е смртта на само еден Албанец.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега