Пронајден машки труп во селото Миравци

Вчера во 10 часот и 25 минути во полициската станица Гевгелија граѓанин пријавил дека во атарот на селото Миравци кај местото Вирот, во непосредна близина на железничката пруга бил забележал машки труп. На лице место излегле Јавен Обвинител и екипа од полицијата, а од екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт која настанала како последица од удар во пределот на главата нанесен од воз. Кај починатото лице не се пронајдени документи за идентификација и се претпоставува дека најверојатно се работи за странски државјанин.

Телото е предадено на обдукција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега