Падна вработен во „Македонски пошти"

Поднесена е кривична пријава против И.И.(49) од Гостивар, вработен во АД „Македонски Пошти“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Во февруари 2014 година, препорачана пратка од Министерството за транспорт и врски наменета за лице од Гостивар пријавениот не му ја доставил, а во повратницата го фалсификувал неговиот потпис дека наводно оштетениот ја примил пратката.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега