ФОТО: Се преврте автомобил пред Охрид

Автомобил марка „клио“ со скопски регистерски таблички, вчера околу 13.15 часот се преврти на кров на патот Охрид-Кичево, кај селото Мешеишта.

Во автомобилот бил само возачот, кој поминал без никакви повреди, потврди Стефан Димоски од СВР Охрид.

До сообраќајката најверојатно дошло поради неприлагодена брзина, при што возачот кој возел накај Кичево изгубил контрола врз возилото и излетал на десната страна од патот.

Полицијата извршила увид на лице место.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега