Купил марихуана во Велес - завршил во затвор

Полициската станица во Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Кавадарци и А.К.(31) од с.Ваташа, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 19.09.2014 година, пријавените со возило заминале за Велес каде се сретнале со лице од истиот град од кого набавиле марихуана за сума од 3.500 денари.

При личен преглед над првопријавениот пронајдена е марихуана во тежина од 13,95 грама.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега