Скопје: Ми впери пиштол и ми рече дај ми ги парите - му ја искршив метлата од глава

Разбојник му вперил пиштол а тој го претепал со метла. Интересна приказна за хројството на скопјанецот Доне пренесува Дневник.

- Беше околу 17.30 часот. Тоа време од денот секогаш има муштерии бидејќи луѓето се враќаат од работа ипазарат. Но во тој момент бев сам и бев зад фрижидерот, а касата со парите е на средина на дуќанот. Тогаш влезе покрупен маж, на возраст приближно колку мене. Се заврте назад, најверојатно да се осигури дека сме сами, по што извади пиштол, го впери во мене и ми се закани со зборовите: „Пари пари, дај парите или ќе пукам“ - раскажува Доне за весникот.

Сопственикот на колонијалот реолтиран што го ограбиле пред само два месеци и дека често е на мета на разбојниците решил да се пресмета со разбојникот, пишува Дневник.

- Kога ми го впери пиштолот мене, како што се вели, ми се споија „жичките“ во главата. Бидејќи во дуќанот не чувам некакво оружје за „не дај боже“ прво што ми дојде при рака беше метлата со дрвена рачка. Ја зедов метлата и тргнав кон него. Почнав да го удирам. Разбојникот падна среде колонијал, но пиштолот не го испушташе од рацете - вели сопственикот на Дневник

Доне вели дека толку силно го удирал што му се скршила и рачката од метлата.

- Додека го тепав, разбојникот успеа некако да стане и да ја подотвори вратата по што почна да бега. Јас со рачката во рака тргнав по него одлучен да го фатам, а дуќанот го оставив незаклучен. Бегаше по улицата, а јас трчав по него. Додека трчав забележав мој познајник-таксист и му реков да му го попречи патот со автомобилот. Од соседното кафуле истрчаа неколку момчиња да ми помогнат да го фатиме, а во меѓувреме некој од кафулето повикал полиција. Го фативме кај Kомерцијална банка - раскажува Доне.

 

Полицијата утврдила дека пиштолот бил плашливец што најверојатно е и причината што сопственикот на локалот останал здрав и жив.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега