Кривична за директорката на Работнички универзитет Прилеп - еве што направила

СВР Битола до Основното јавно обвинителство-Прилеп поднесе кривична пријава против 54-годишниот С.Т. од Прилеп, вработена како директор на Работнички универзитет Прилеп, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената со намера за себе и за Работничкиот универзитет да стекне противправна имотна корист со искористување на својата службена положба во периодот од 2010 до 2014 година и покрај фактот што знаела дека не ги  исполнува условите, без одобренија издадени од надлежни министерства и без верифицирани програми, организирала и договарала со заинтересирани лица – кандидати од Прилеп, Битола и Ресен, курсеви од различни области, странски јазици, фризери, физеотерапевти, бравари, заварувачи, кувари и сл.

Таа издавала дипломи за успешно посетени курсеви, без притоа да спроведе настава и правилна оцена на стекнатите познавања од дадената област, соопшти денска ЦВР-Битола.

Ваквите курсеви во наведениот период биле посетени од вкупно 1.659 кандидати. Паричните средства пријавената во голем дел од случаите ги примала на рака, а дел од истите ги присвоила за себе.

Вкупниот износ на парични средства кои биле уплатени по основ на курсеви, изнесува 5.376.200 денари, од кои пријавената за себе присвоила парични средства во вкупен износ од 69.300 денари, информираа од СВР-Битола.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега