Мерцедес се преврте пред Дебар

Патничко возило мерцедес се преврте претпладнево на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на градот Струга, но нема повредени.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, до несреќата дошло кога возилото во кое се превезувале четворица патници излетало од коловозот и се превртело на десната страна.

Според првичните информации, најверојатно причината за незгодата е неприлагодената брзина кон условите на патот.

Увидна екипа излезе на терен, по што ќе се утврдат и точните причини поради кои се преврте автомобилот.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега