Проверете дали утре ќе останете без струја

Без струја утре во траење од еден час почнувајќи од 7 часот ќе останат корисниците од Индустриска Зона, Визбегово кај стар Качанички Пат и дел од Бардовци према Свислион.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 10 до 12 часот ќе останат корисниците од село Радишани, улицата 52 бб, од 10 до 14 часот дел од корисниците од  улица „Бапчор“, и улица 800, од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од  улиците  „Џон Кенеди“, „Серава“ и „Кемал Ататурк“, од 9 до 12:30 часот дел од корисниците од  улица „Виетнамска“, „Индира Ганди“ и „Виничка“, од 11 до 15 часот корисниците од  улица „Рафаило Батино“, дел од улиците „Мавровска“ и „Кичевска“, од 13:30 до 15 часот дел од корисниците од  улица „Овчеполска“ и од 10:30 до 11:30 часот дел од корисниците од Ново Село и дел од улица „Ново Село“. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега