Кисела Вода продолжува со легализација на дивоградбите

И во новата 2015-та, општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоградбите, кој значи решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти.

bbabbaleksikk

Денешното ново доделување на решенија за легализација на дивоградбите од страна на Претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, на уште 50 жители од овој дел од градот ќе им овозможи легална сопственост на своите домови. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 3404.

-Годинава општина Кисела Вода одбележува значаен јубилеј. Како Претседател на Советот на општината, заедно со градоначалникот Беличанец-Алексиќ, се надеваме дека 60тиот роденден ќе го дочекаме како општина која од неславен лидер по бројот на дивоградби се трансформираше во локална самоуправа која има најдобра динамика на решавање на предметите. Токму затоа нашата работа ќе продолжи со несмалена динамика, а притоа се надеваме дека од вас, граѓаните, ќе имаме силна поддршка, истакна Претседателот на Советот Донев.

llegalizacijaaa

Едновремено, во просториите на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, одржа уште еден приемен ден за жителите на општина Кисела Вода, за во прво лице, непосредно, да слушне за нивните барања и потреби.

Можноста да се реагира, да им се излезе во пресрет на граѓаните, да се решат проблемите, секако, согласно надлежностите и реалните можности, да се слушнат добрите идеи, останува да биде насока во која ќе се движи оваа општина и во периодот што следува. Приемните денови на градоначалникот Беличанец-Алексиќ и понатаму остануваат редовна пракса.

Истите, се закажуваат на телефон 02/2785-400, по што граѓаните телефонски се контактираат за датумот и времето на средбата.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 12:57
Фото: 
31.01.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега