Груевски на вонредна прес-конференција: Заев ми призна соработка со странски служби

 

Премиерот Никола Груевски на прес-конференција во владата ја коментираше псоледната акција „Пуч“ во која осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Во периодот од септември и ноември 2014 остварив 4 средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Првата беше на негово барање а останатите еба поврзани со првата. Тој побара од мене итно формирање на техничка влада и ме информираше дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба прибавил приватни телефонски разговори од целиот државен врв, претседателот, министрите, медиумите.. Го рпашав дали е сигурен во тоа што го говори и дали станува збор за странска служба. Добив потврден одговор. Тој ми раскажа неколку телефонски разговори за кои констатирав дека дел се точни, дел се половичпно точни а дел неточни. Тоа што дел беа точни ми укажа на сериозноста на ситуацијата. Во наредните денови тој и јавно почна со заканите. Го гледав и слушав шефот на опозицијата како пред мене седи и со гордост ме информира дека соработувајќи со странска служба бил снабден со маетријал нелегално стекнат а делумно и монтиран. Не можев да верувам дека човекот кој прететндира да ја води државата соработува со странски разузнавачки служби. Каѓжа дека со нив имал и серија средби. За стео ова постојат цврсти и непобитни докази. Поднесена е кривична пријава за повеќе лива меѓу кои из а З.З за насилство. Со делата се правис ериозна штета на државата. Се работи за сценарио во кое цела држава беше заложник“, рече Греувски.

За политичките аспекти на случајот тој коментираше.

„Свесен сум дека ова е најпосакуваниот политички противник. Но има некои работи кои ниту еден човек и ниту еден политичар во светот не може да ги игнорира. Тоа е интересот на државата. Во 24 години ниту еден политичар дури и најконтроверзните не го направиле ова.Закана, уцени и вакви местенки не прифаќам и не поминуваат. На сите инволвирани им порачувам- ние не сме Македончиња туку Македонци.“, изјави премиерот.

Најви дека во судската постапка која ќе следи ќе одговара на сите прашања.  Таа ќе биде јавна и транспарента. Ги повика сите со внимание д аго следат случајот.

 

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега