Револтирани од Заев, граѓаните спонтано масовно се собираат пред Собрание

 

Голем број граѓани веќе се собираат пред споменикот на бранителите во паркот Жена Борец во центарот на Скопје. Иницијативата која тргна од социјалните мрежи веќе доби на масовност. Граѓани од различна верска и национална припадност, членови на различни политички партии веќе спонтано се собираат центарот на Скопје.

Според иницијативата тие се „обединуваат против внатрешниот непријател“. Ваквиот протест доаѓа откако премиерот Груевски објави дека опозицискиот лидер Заев за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок. 

Според информациите од терен, над 3.000 револтирани граѓани се собрани пред Собрание, а доста од нив се упатуваат и пред седиштето на СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега