Скопски џепџија заврши со лисици на рацете

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје со кривична пријава го предаде лицето Х.С.(50) поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело џепна кражба за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Имено, на 11.01.2015 година пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на ул. „Маџари“ искористувајќи го невниманието на оштетениот при излегување од аптека, со протнување на рака во неговиот џеб од пантолоните успеал да му украде 7.000 денари. Против Х.С. во периодот од 2003  - 2014 година поднесени му се осум кривични пријави од кои четири кривични пријави за извршени седум кривични дела „кражби“ се поднесени од стана на СВР Скопје, додека пак останатите се поднесени од страна на СВР Гостивар, СВР Охрид и СВР Куманово за извршени кривични дела „тешки кражби“ и „кражби“.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега