Заев шпиунирал за странски служби

 

Лидерот на македонската опозиција се најде во средиштето на голем скандал во кој е осомничен за учество во шпиунажа за странски служби и структури.

Според информациите кои се обзнанија, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев заедно со поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, како и неговата сопруга исто така, се вклучени во мрежата за шпинурање.

Во домот Верушевски се најдени огромен број на материјали, прислушкувани фајлови, комуникации на јавни личности, политичари. Дел од материјалите се од класифицирана природа и со нив се руши уставниот и правниот поредок на државата.

Материјалите и комуникациите се обезбедени во соработка со странски служби со кој Заев остварувал комуникација и соработка. Намерата на Заев била обезбедување на пуч и државен удар со цел да дојде на власт надвор од демократските процедури.

Главната комуникација помеѓу Заев и разузнувачот Верушевски се одвивала преку најблискиот соработник и човек од доверба Зоран Заев и истовремено директор на јавното комунално претпријатие во Струмица, Бранко Палифров кој исто така е осомничен за помагање на делото.

Истовремено, Палифров бил човекот кој обезбедил засолниште на сопругата на Верушевски кај која е пронајден исто така обемен материјал од следење на комуникации.

Министерството за внатрешни работи до јавното обвинителство поднесе пријави за шпиунажа поврзана со странски структури.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега