Изгубил контрола, се превртел и починал - уште една жртва на скопските улици

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 35 сообраќајни незгоди.

Во петокот на 30 јануари, извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и седум се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден пешак и еден патник во автобус.

Во саботата извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случила и една незгода во 2 часот и 40 минути на локалниот пат село  Стајковци – село Црешево, во атарот на село Црешево во која учествувало патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот од непознати причини изгубил контрола над возилото, поминал на левата лента од коловозот, излегол надвор од коловозот и се превртел. Од здобиените повреди истиот починал на лице место.

Вчера бил извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Климент Охридски“ и „Ацо Шопов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега