МВР ги апси криумчарите на мигранти - голема полициска акција низ Македонија
Министерството за внатрешни работи спроведува акција за разбивање на меѓународна криминална група која криумчарела мигранти од Блискиот исток и Африка.
Според првичните информации од полицијата, досега се уапсени 13 лица од кои едно од Судан. Меѓу приведените има и еден полициски службеник од Сектор за гранични работи, додека две лица се наоѓаат во бегство.
Полицијата изврши претрес во повеќе домови при што пронајдени и одземени се девет возила кои биле користени за превоз на мигрантите.
Повеќе детали за денешната акција, Министерството за внатрешни работи најави за утре.