Заев им се заканувал и на сопартијците - „Имам материјали и против вас“!
Зоран Заев со материјалите кои се фали дека ги поседува не го уценувал само премиерот Никола Груевски, туку и голем број на граѓани, па и сопствените сопратијци.
Ова се информациите кои се погласно се шират низ јавноста, а истите докажуваат дека Заев не бира ниту луѓе ниту средства во битката да оствари свои интереси и цели.
Како што дознава Курир, дел од материјалите кои Заев ги поседува се поврзани со членови на СДСМ, па и лица од највисокото раководство на Бихаќка.
Информациите од терен говорат дека заканите ги упатил и до дел од народните избраници кои сакале да му се спротивстaват на бојкотот. Зоран Заев ги притиснал со вперен прст кон материјалите кои ги поседува и им се заканувал дека објавувањето на истите ќе биде штетно за секој од нив.
„Вечер“ објави и сведоштва на социјалдемократите кои биле фокус на внатрепартиските закани од Зоран Заев.
Документите, снимките и податоците со кои лидерот на СДСМ Зоран Заев им се заканувал на своите сопартијци и на премиерот Никола Груевски се систематизирани на англиски јазик, податок со кој Заев се фалел пред своите сопартијци дека ја има меѓународната поддршка за уривање на власта на Никола Груевски. Ова за Вечер го потврдија извори од СДСМ на кои Заев им се фалел по лидерските средби со Груевски.
- Му реков или техничка влада и избори или ќе објавам се. И му кажав дека имам еден тон материјали и да не се залажува дека знае што имам, оти овие материјали се од странски служби, на англиски се - го цитираат партиски извори од СДСМ нивниот претседател кој самоуверено прераскажувал се од лидерските средби со Никола Груевски.
Дека материјалите од бомбата лидерот на СДСМ ги користел за застрашување на кандидатите за пратеници кои одбиле да бидат дел од бојкотот на Собранието, потврдуваат најмалку двајца од листата на СДСМ чии имиња и се познати на редакцијата на Вечер.
- Ми рече – не се занесувај, седи мирен да не се каеш, и тебе те има во материјаливе, чекај, полека, ќе ги срушиме, готови се со ова што го имаме од странците- наведуваат кандидати за пратеници од листата на СДСМ.
Според експертите, “бомбата“ повеќе служи за консолидација на неговата положба и неговата функција во самата партија. Воедно, Заев им предочил на сопартијците да не си играат, затоа што имал материјали и за нив.
-Ние барем знаеме дека тој не стои добро со Црвенковски, ние знаеме дека има силна опозиција во самата партија која со тие докумети ја плаши . Јас знам најмалку два случаи за еден пратеник и еден кандидат за пратеник од онаа листа доколку овие триесетина се повлечат па доаѓаат, на кои им е предочено да не си играат бидејќи има материјали и за нив. Значи тие материјали во внатрепартиска борба се веќе употребувани, изјави Драган Павловиќ-Латас.
Тој додава дека во внатрепартиски разговори Заев многу комфорно раскажувал што има во тие материјали и разговори, од приватни до љубовни и деловни.
По сево ова, профилот на лицето Зоран Заев е повеќе од јасен. Тој е уценувач и недемократ. Тоа е политичарот кој се закануваше дека “ќе јаде живи луѓе“ и градоначалникот кој бараше Македонија да си ја “свитка кичмата“.
Лидерот на СДСМ очигледно е подготвен да не избира средства за закана и одмазда кон сите негови неистомисленици.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа