Штајнакер: Македонија да не очекува премногу од јунскиот Самит на ЕУ

 

Германската амбасодорка во земјава, Гудрун Штајнакер, вели дека Македонија не треба да се надева премногу дека на јунскиот самит на ЕУ ќе добие датум за почеток на преговори. Ставот на амбасадорката е дека може да дојде до разочарување доколку премногу се очекува, но додава „никогаш не велете не“. 

- Земете го секој прогрес што ќе го постигнете. На минатиот самит заклучоците беа позитивни и охрабрувачки за Македонија и јас лично многу се надевам дека самитот на ЕУ најмалку што ќе даде е добра позитивна и охрабрувачка порака за Македонија, вели амбасадорката во интервју за Радио Слободна Европа.

На тема спорот со името кој продолжува да биде пречка за добивање датум за преговори, Штајнакер го повторува ставот на Германија дека прашањето за името е билатерално и дека Македонија и Грција треба да го решат проблемот.

ИЗвор: Радио Слободна Европа

најчитано сега