Скријте се горештините доаѓаат - Македонија ќе се пече на 36 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала умерена облачност. Температурата ќе достигне до 34 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.