Договор за проектот „Управување со пристапувањето кон ЕУ во делот на животната средина“

Денеска Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го потпише договорот за спроведување на проектот „Управување со пристапувањето кон ЕУ во областа на животната средина“.

Проектот е финансиран од Британската влада и ќе се реализира две години. Ќе се спроведува преку Меѓународната менаџмент група.

Договорот ќе го потпишат министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

ФОТО: Денешен