Битола тагува - почина старицата која просеше за сиромашните и болните

Не може да сте битолчанец а да не ја знеаете Маријанти, жената кој животот го помина по битолските цркви и на најпозната битолска улица Широк Сокак.  Редовно доаѓаше на литургија и се причестуваше, а потоа на улица најчесто по Широк Сокак да проси, но не за себе туку за сиромашните и болните. Таа живеела во голема сиромаштија, а сите пари кои ги просела ги давала на семејства кои имале некој болен, на сиромашни студенти и ученици, поточно на оние на кои парите им биле најпотребни. Некои сведочат дека често пати застанувала луѓе и им кажувала работи во кои тие се пронаоѓале, па поради тоа некои велат дека поседувала дар на проѕорливост.

Последните години од својот маченички живот ги завршува во инвалидска количка, пишува Курир.

“Чудни се патиштата Божји” – се вели во Библијата, чуден беше и животниот пат на оваа старица. За многумина неразбилив во ова денешно време во кое царува суетата и среброљубието. Токму ове големи зла на денешницата Маријанти успеа да ги победи жртвувајќи се за ближниот свој.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега