Удавеното детенце се враќало од училиште - селаните успеале да го спасат само едното братче

Дете од липковското село Никуштак почина откако беше однесено од надојдената вода од топењето на снегот и непрекинатите врнежи во изминатите 24 часа. Полицијата потврди дека денеска во кумановската болница е донесено починато дете од липковското село Никуштак.

СВР Куманово информира дека се врши увид во селото каде што е пронајдено момчето. Според првичните информации од кумановската болница, детето било на возраст од околу 6-7 години и е донесено мртво.

Детето заедно со неговото братче се враќале од училиште и сакале да поминат низ селскиот дол каде што обично поминувале од училиште, но, надојдената вода го однела детето. Мештаните успеале да го спасат едното дете. Блиските го однеле телото на детето најпрвин во Ургентениот центар, а потоа и на хирургија, но лекарите констатирале смрт.

Од полицијата најавуваат повеќе детали за случајот по завршување на увидот.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега