Карабатиќ на судење за наместени натпревари

 
Ракометарот на француската репрезентација и играч на Барселона, Никола Карабатиќ ќе мора да се појави во судница поради наместени натпревари, соопшти јавниот обвинител во Монпеље.
 
Никола Карабатиќ е еден од 17.мината обвинети за наместени натпревари од француската ракометна лига. Натпреварот беше одигран во мај 2012 година меѓу неговиот тогашен клуб Монпеље и Сесон, а неговиот клуб загуби со 31:28.
 
Меѓу обвинетите се и неговиот брат Лука Карабатиќ и Самуел Онрубија од шампионската екипа која во неделата во Доха ја освои петтата шампионската титула за Франција.
 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега