Поплави во Смилковци - градоначалникот на Скопје на терен

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, во текот на изминатата ноќ и денеска извршија увид во населеното место Смилковци каде што по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште.

-Смилковското езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска црна гора, како резултат на вчерашните обични врнежи прелеа, ги преполни и блиските канали, по што водата ги поплави околните површини и повеќе подрумски простории.Екипите на Град Скопје веднаш излегоа на терен, ја испумпуваат насобраната вода и ги санираат последиците од поплавите, соопштуваат од Град Скопје.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега