Драма во Куманово: Влегол да ограби обложувалница со пиштол но...

Непознато лице вооружено со пиштол вчера вечерта извршило грабеж во спортската обложувалница „Вил Хил“ во Куманово, но изгледа не му тргнало се по планот.

Разбојникот заканувајќи му се со пиштол на 24-годишниот вработен од отворен сеф одзел кутија со пари, но тој брзо реагирал, го нападнал разбојникот и успеал да му го одзеде пиштолот, а дел од парите на крадецот му испаднале во обложувалницата, по што тој избегал.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, при што е констатирано дека се работи за пластичен пиштол, а при пребројувањето е утврдено дека недостасуваат 4.150 денари. 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега