Избувна пожар во стан во Куманово

Пожар избувна денеска попладне во стан на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, нема повредени, а е причинета материјална штета. 
Според информациите на територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот избувнал по 15:40 часот во стан на третиот кат од зградата. Пожарот е ставен под контрола за 15 минути, а ТППЕ интервенирала со едно возило и шест пожарникари. 
Увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Куманово.Причините за настанувањето на пожарот допрва ќе се утврдуваат.
 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега