Неверојатна понуда за Стерлинг

 

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, откри дека клубот на Рахим Стерлинг му понудил неверојатен договор во обид да го задржи.

Договорот на Стерлинг е до 2017-та година, како и да е Ливерпул се обидува да настапува во градот на Битлси на подолго време.

„За млад играч тоа е неверојатен договор“, вели одличниот англиски фудбалски стручњак.

„Разговарав со Рахим многу пати, тој е многу среќен. Доби шанса да игра тука и ја искористи“, додава менаџерот.

„Ние сакаме да ги наградиме најголемите таленти, тоа е дел од иднината. Ако добијат премногу додека се млади, тоа ќе го саботира нивниот развој. Поради тоа многу разговараме со играчите и нивните советници“ рече Роџерс.

Стерлинг има само 20 години и веќе оствари 82 настапа за Ливерпул, а заслужи место во редовите на фудбалската репрезентација на „Гордиот Албион“.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега