ФОТО: Пијан охриѓанец со пиштол шетал среде улица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишниот охриѓанец Г.Ч. на кого му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

На осми месецов, по полноќ, кај Г.Ч. било пронајдено огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот Г.Ч. е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот плоштад. Kај него, по дополнително извршеното алко-тестирање утврдени се 2,22 промили алкохол во крвта.

При претрес извршен во неговиот дом, а во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба како и вкупно 309 парчиња  муниција различен калибар, дел сокриена во пластични и кутии од мобилен телефон а дел облепени со селотејп лента.   

Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега