Им го попречиле патот а потоа... - драма на булеварот Јане Сандански

Вистинска драма се одвивала синоќа во 21 часот и 30 минути во близина на булеварот „Јане Сандански“ кога група непознати насилници каменувале такси возило во кое се возеле 18-годишниот В.Н. од Скопје заедно со уште две лица, при што го искршиле ветробранското стакло од автомобилот. 

Потоа, тие не запреле туку со уличен контејнер му го попречиле патот на возилото и откако истото било сопрено, со употреба на физичка сила ги нападнале патниците, нанесувајќи му телесна повреда на В.Н.

По преземени мерки од страна на СВР Скопје приведени се три лица Н.Т.(16), С.Ц.(16) и С.Н,(17) кои ќе си заработат соодветна кривична.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега