Како ќе се дестабилизира Македонија: Анализа на контра-разузнавач кој побарал да биде анонимен!

 

Само 48 часа по објавувањето на таканаречените бомби на Зоран Заев и СДСМ, може да се констатира аматеризмот со кој тоа е направено, а кој се граничи со глупоста, но и со длабока инволвираност во неколку кривични дела според Уставот и зконите на Република Македонија, пишува infomax.mk.

Да одиме по ред Зоран Заев објави: Никола Груевски и Сашо Мијалков прислушувале 20.000 македонски граѓани. Сите ги има на снимките, само двајца ги нема, затоа што тие се единствените што прислушувале. Паушална констатација која не е поткрепена со ниедна наредба, со ниеден документ, само со исказ на инкриминирано лице под истрага, еднаш веќе аболицирано за тежок криминал, лице кое го менува сопствениот исказ на секои пет минути, лицето Зоран Заев, пишува infomax.mk. Двајца прислушувале дваесет илјади, и никој немало во средина. Сите молчеле. Глупост на столетието изречено од Зоран Заев.

Со оваа иста изјава дека само лицата Никола Груевски и Сашо Мијалков не се на ниедна снимка, Зоран Заев ги амнестира отсега, па во идниот период дека тие ќе се појават  на било која снимка со глас или стас, што ќе значи дека немаат никаква одговорност, затоа што одговорноста дека се евентуални нарачатели ќе треба да се докажува кај судските инстанци.

Како трето, Зоран Заев уште еднаш излажа, и го смени својот исказ дека снимките ги добил од странски служби, велејќи дека снимките ги направила Управата за безбедност и контраразузнавање, која според него секојдневно слушала 20.000 граѓани, и подготвувале резиме за нив кое го доставувала до лицата Никола Груевски и Сашо Мијалков. Дали лицето Зоран Заев знае дека според светските статистики едно лице дневно во просек поминува 30 минути на мобилен телефон. Ако по тврдењата на Зоран Заев, УБК имала опрема за такво прислушување и дневно ги снимала овие граѓани, тогаш таа требала секојдневно да има материјал од 600.000 минути (добро читате шесто илјади минути) кои поделени на 1 час, создаваат 10.000 часови. Ако во просек еден службеник на работа поминува 6 часа слушајќи снимени материјали (нели за да направи резиме, не можеш резиме да правиш според селекција, од каде знаеш можеби 19.973-от граѓанин спрема атентат) и 2 часа за селекција и пишување резиме, тогаш секој ден 166 вработени во УБК глава не дигаат од комјутер цело работно време, без пауза, без кафе, цигара, туку цел ден слушаат и прават резимеа. Овие бројки изнесени од Зоран Заев се научна фантастика. Во УБК нема и не може да има фантастична бројка од 1666 луѓе во една смена, затоа што УБК слуша по судски налог, и тоа инкриминирани лица, од кои постои шанса да биде загрозен Уставниот поредок. Во принцио шпиуни како лицето Зоран Заев.

Глупостите дека секое утро има резиме за 20.000 лица е ординирана глупост на кострукцијата на Зоран Заев и СДСМ. Јасно е како ден дека фајловите се добиени од странска тајна служба, која прислушкувала сателитски (како што Обама ја слушал Меркел и обратно), и тоа за точно посочени личности од страна на Зоран Заев, потоа фајловите се обработени од истата служба, и дадени на лицето Зоран Заев, со цел да се дестабилизира Република Македонија, и истата служба да ги реализира сопствените интереси, кои за нив ги одработува Зоран Заев и СДСМ.

Како потврда на овој факт е објавувањето на таканаречениот разговор меѓу лицата Никола Груевски, Нини Стефановиќ и Ден Дончев пред една година, во таканаречениот случај Македонска банка, каде што лицето Зоран Заев тврдеше дека овие три лица на снимката и договараат нелегална продажба.
Од каде му беа тогаш овие режирани снимки: Од државните органи, од резимето на Никола Груевски, од Сашо Мијалков или од странските служби? Повторно аматеризам и глупости, кои само Зоран Заев заедно со странските служби на кои им слугува дава насоки за безаконско прислушување на граѓани на Република Македонија и со тоа прави неколку кривични дела, кои ќе треба да ги констатираат судските органи и лицето Зоран Заев да ги сноси последиците од ваквите дејанија штетни за државата, пишува
infomax.mk.

А граѓаните кои се предмет на потсмев, и кои без своја волја се објавуваат во медиумите и на кои им е нарушена честа и достоинството веднаш треба да поднесат приватни тужби против лицето Зоран Заев и партијата СДСМ! Бидејќи Заев и СДСМ се дрзнале да слушаат и да ги вплетат во своите мизерни објави илјадници граѓани во РМ, умот ќе им дојде кога водечките луѓе како Заев, Шеќеринска и Шилегов ќе останат без своите сомнително заработени имоти и ќе научат да ја почитуваат човечката интима, правото на приватност и личните податоци.

 

Во спротивно од демократијата се влегува во анархија која ја предизвикуваат мал број на луѓе длабоко навлезени во шпиунажа и потчинетост на странски државни служби, кои не и сакаат добро на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега