Заев тврди дека ќе објавувал само криминал- каков криминал има во разговорот на Ахмети?
Струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев тоне во жив песок со своите изјави.
Очигледно дека со секоја јавна изјава, Заев се повеќе се закопува, а неговите лаги излегуваат на виделина на очиглед на целата јавност. На тој начин, тој го губи и онака оскудно слабиот морален кредибилитет.
Покрај со лаги, изјавите на Заев се полни и со тешки контрадикторности. Во вечерашното интервју на 24 вести, Заев изјави дека тој ќе ги објавувал материјалите кои неовластено ги поседува, а во кои според него имало наводен криминал.
После оваа изјава на Заев јавноста останува вчудоневидена, знаејќи за фактот дека Заев објави неовластено снимен материјал на кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети разговара со извесно лице Фатмир околу можностите за лекарски третман на извесно лице Ирфан, при што разговараат за состојбата на лицето Ирфан и за медицинските проценки за неговото опоравување како и можностите за дополнителен лекарски третман.
Каков криминал гледа Заев во овој разговор останува непознато? И како може да биде криминал телефонски разговор за лечење на човек? Заев очигледно е фатен жив во неговите лаги и станува се повеќе конфузен и контрадикторен.
Се поставува прашањето- дали Заев си замислува дека тој лично е апсолутен суд, па ќе цени што е криминал и од кого е криминалот?
Лидерот на опозицијата треба да одговори каков криминал направил Али Ахмети во моментот кога се обидел да изнајде решение за лекување на едно лице и со која цел го објави тој телефонски разговор?!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа