Двајца повредени на скопските улици - што се случувало синоќа?

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на велосипед со мотор и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи поминале на црвно светло на семафорот, 17 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега