Лоша вест: Значитлено поскапување на нафтата

 

Американската лесна нафта за испорака во март на берзата во Њујорк поскапи за 52 центи на 52,73 долари, додека во Лондон, барел северноморска нафта од типот „брент“ се продаваше за 53 центи поскапо по цена од 59,81 долар, јави Франс Прес.

Вчера, Американската лесна нафта поскапи за 2,37 долари а нафтата од типот „брент“ за 2,39 долари на последниот ден од тргувањето за мартовската испорака.

„Намалувањето на инвестициите во нафтениот сектор нема значајно да влијаат на цените на краток ток, се додека нивото на производство на нафта не биде намален“ смета инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија Филип фјучерс, Даниел Енг.

Податоците за резервите на нафта во САД, најголемиот светски потрошувач велат дека оваа недела, енергенсот е на својот 80 годишен максимум.

 

Цените на нафтата од јуни, минатата година се намалија за околу 60% на нешто над 40 долари за барел, а во претходните недели регистрирани се благи покачувања, благодарение на намалувањето на нафтените бушотини во САД, откако компаниите како Тотал Дач Шел ги намалија инвестициите.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега