Над 16.000 вработувања преку активните мерки на Владата
Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување ќе бидат опфатени 16.226 невработени лица од што Владата очекува околу 8.200 директни вработувања. За спроведување на Оперативниот план е предвиден буџет од 660 милиони денари, информира денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Со Програмата за самовработување ќе бидат опфатени 960 лица, за поддршка на микро и малите претпријатија за создавање нови работни места 200 лица, со Програмата за условен паричен надомест за субвенционирани вработувања на лица со социјален ризик е предвиден опфат на 136 лица, за субвенционирано вработување на невработени и млади до 29 години преку ослободување придонеси опфатот е 5.000 млади. Со мерката обука кај познат работодавач се предвидени 1.000 лица, а со обука на работно место со субвенционирано вработување 476 лица. Со обуката, пак, за задоволување побарувани занимања на пазарот на трудот опфатот е 220 лица, а со обуката за задоволување на побарувани занимања на пазарот на труд кај приватни спроведувачи на обуки 181 лице, обуки за напредни ИТ вештини 270 лица, практиканство 1.000 лица, а со обуките за основни вештини за вработување 2.000 лица,...
- Приоритет за учество во некои од мерките ќе се доделува исклучиво врз основа на критериумите утврдени за секоја одделна програма, а како важно правило во сите услови и програми и обуки за вработување во Оперативниот план ќе се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажите и жените и стапка на учество на младите до 29 години од најмалку 30 проценти, рече вицепремиерот Пешевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа