Пожар во фарма за свињи во штипското село Долени

Во штипското село Долани доцна попладнево изгоре свињарска фарма. Семејството Смилкови во пожарот ја изгуби целата земјоделска механизација, десетина свињи и сточна храна.

Јанче Смилков вели дека во пожарот му изгорело целото богатство што го имал, бидејќи во оваа фарма инвестирал со години.

- Прв пожарот го забележал нашиот сосед. Силниот оган веднаш ја зафатил фармата од над 300 метри квадратни. Во неа изгореа свињите, над 500 бали сено, трактор, приколки, алат, се. Штетата е над 20.000 евра, вели Смилков.

Комадирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев вели дека пожарот го гаснеле со три возила и девет пожарникари.

- Настаната е голема штета. Угината е стока, уништени се машини. По повикот веднаш се упативме на терен со девет пожарникари, вели Патраклиев.

Истражните органи вршат увид на местото на пожарот, по што ќе утврдат што го предизвикало.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега