Дехари на 64-та позиција по првата велеслаломска трка на Светското првенство

Македонскиот скијач Дардан Дехари се наоѓа на 64.то место по првата велеслаломска трка на Светското првенство што се одржува во Бивер Крик.
Дехари патеката ја мина за 1:26.30 минута и има заостанување од 11.12 секунди зад првопласираниот Марсел Хиршер од Австрија. На стартот на првата трка беа пријавени 100 скијачи, а пласман постигнаа 78. Дехари има стартен број 80.
Првиот, Хиршер патеката ја мина за 1:15.18 минута. Второ време постигна Роберто Нани од Италија (заостанување 18 стотинки), а третото место го делат Фелик Нојројтер од Австрија и Алексис Пинтуро од Франција (заостанување 23 стотинки). Американецот Тед Лигети е петти со заостанување од 24 стотонки.
Втората трка ќе стартува во 22:15 часот по македонско време.
Од фаворитите без пласман остнаа Бенџамин Рајх од Австрија, како и француските скијачи Томас Фанара и Матју Февре.
Оцени ја веста
13.02.2015 - 21:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа