Пандов: Зад храброста на Заев стои човек соочен со страв
Откако имаше молк на Бихаќка и во медиумите финансирани од СОРОС, Заев јавно ја призна автентичноста на писмото кое тој му го испратил на Зоран Верушевски.
Тоа е човекот за кој Заев до неодамна велеше дека не го познава, за потоа да потврди дека не само што го познава, туку со него имал и тесна комуникација. Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“, а лидерот на СДСМ четвртоосомничен. Нивните тесни релации излегоа на виделина.
Во моментот кога јавноста помисли дека Заев конечно ќе признае се, признавајќи за писмото кое му го испратил на Верушевски, градоначалникот на Струмица продолжи да манипулира.
„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор ... е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот ... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Јас можам утре, во четврток, во петок и дури и вечерва иако е Св.Јован... ова е најважно од се друг. Можам кај Вас, вие кај мене во СР или на некое друго место“, пишува во писмото.
Заев како “пушка“ се обиде да објасни за што мислел, велејќи дека на тој начин договоарале работна виза за Верушевски и неговото семејство. Фамилијата на Верушевски е составена од четири члена, секој од нив теретен за тешки кривични дела. Заев призна дека сите сакале да ја напуштат државата, па дека тоа, ни помалку ни повеќе, го правеле преку премиер на странска држава и неколку “пријатели од надвор“.
За народот ова е потценување, а за експертите скандал. Сите знаат дека “пријателите од странство“ за кои зборуваат Заев и Верушевски, сигурно не чекаат информации за работна виза. Се знае убаво за какви теми се зборува со премиер на една земја.
Аналитичарот Александар Пандов во изјава за Курир вели дека ова е една од посмешните лаги кои ги има слушнато.
-По скандалозно нешто јас во историјата немам слушнато дека за еден разузнавач една соседна земја како што е Грција ќе се завземе за самиот него и за цело негово семејство да издејствува виза, а притоа ќе биде вклучен премиер и цел негов кабинет, нормално по ургенција на Заев. Тоа најдиректно укажува дека и едниот и другиот се вмешани во еден длабок криминал во содејство со грчката држава и нормално во заемен интерес и заштита и за Заев и за Верушевски и Грци коишто биле вмешани во целата работа. Тоа е нон сенс, тоа е една од посмешните лаги во последно време која ја имаме слушнато од господинот Заев, анализира Пандов.
Аналитичарот за Курир вели дека не е прв пат Заев да ги лаже луѓето на ваков начин, но дека овој пат се надминал и себеси.
-Тој откако ја даде таа изјава не сретнав човек кој најслатко не се насмеа на тоа, а притоа од друга страна со горчина во душата навреден од потценувачкиот однос на господинот Заев спрема нас како народ и како луѓе. Незнам колку треба да не смета за глупи за да ја лапнеме јадицата којашто сега ни ја подметнува. Кај него познато е и од претходно да не лаже како луѓе, но овојпат мислам дека се надминува и самиот себе, понесен од стравот којшто го носи од тежината на делото коешто го има направено, истакна аналитичарот Александар Пандов, додаде Пандов за Курир.
Зоран Заев демонстрира храброст и делириум, изјавите ги дава со висок тон, но зад ваквите настапи, според аналитичарите, стои човек кој е соочен со страв.
Јавноста ги дознава неговите мотиви бидејќи ваквото однесување е речиси пракса од Бихаќка. Но, секој упатен знае дека секогаш кога некој во СДСМ крева глас заканувајќи се, се соочува со се поголемо губење на избори!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа